Ние сме меѓународна компанија за технологија. Развиваме иновативни производи од 1990 година. Новите идеи брзо ги трансформираме во функционални производи. Ова е една од причините зошто нашите алармни системи и уредите за паметни домови им помагаат на милиони луѓе низ целиот свет.
Сакам да знам повеќе
30 години
Долгогодишно искуство во развој и производство на паметни алармни системи.
592 вработени
Започнавме како група од четворица, а сега имаме над 590 вработени во групацијата JABLOTRON.
73 држави
Дистрибуираме свои производи низ целиот свет
Започнавме како група од четири ентузијасти, развивајќи електроника во поткровјето на една обична куќа во Јаблонец над Нисоу. Од каде прераснавме во компанија, која произведува паметни алармни системи со обрт од милијарди и светско влијание. Погледнете го нашето патување.
Заедно со 21 други компании, ја формираме JABLOTRON групацијата. Ние сме независни, но сепак тесно соработуваме со останатите членки од групацијата.
Ние сме поврзани со желбата да бидеме лидери во нашите области, заедно во создавање едноставни и разбирливи производи со користење на врвна технологија.
Пронајдете повеќе за нас на нашата независна веб-страница: Јablotron Group
Ние ги креираме и исполнуваме соништата. Тоа се соништа за взаемна соработка, но и да бидат од корист за светот. Тоа се соништа, кои добрите идеи ги претвараат во привлечни производи и услуги. Ние ги следиме едноставните, но цврсти принципи утврдени од основачот Dalibor Dědek.
Набавивме опрема за болницата во Јаблонец и купивме планински ливади за да ги спасиме од претворање во урбанизирани населби.
Ние им веруваме на нашите производи. Поради тоа, пост продажната услуга е бесплатна, до кога производот трае.
Затоа ja поддржуваме фондацијата против корупцијата од 2012 година.
Една од причините е, што повеќе од половина од вработените во Jablotron се со нас повеќе од 10 години.
Dalibor Dědek сeуште живее на планинита Јизера, хоби му е крос-кантри скијање, а негова омилена храна е кнедли од компири со семки од маак.
Затоа JABLOTRON 100+ паметниот алармен системи, може да го користат/управуваат дури и деца.
Искрениот интерес за клиентот за нас е суштински и го постигнуваме преку бескомпромисниот систем за управување со квалитет.
Ги исполнуваме сите услови на строгите светски сертификати, што ни ја отвораат вратата на светскиот пазар.
Имаме сертификат за систем за управување со квалитет согласно ISO 9001:2015 за развој, производство и продажба на електронски алармни системи и сертификат за систем за управување со квалитет според ISO 13485:2016 за развој, производство и продажба на активни медицински не-имплатабилни уреди.
Се обврзавме кон нашите клиенти и применуваме строги правила и најдобри практики за да обезбедиме максимална безбедност на податоците и информациите.
Принципите на нашата политика за квалитет ги собира на една страница. Колку се појасни, толку е полесно да се придржуваме до нив. Политиката опфаќа постојана иновација на нашите производи и услуги, систематско собирање на желбите и барањата на нашите клиенти, како и начин што подобро да се грижиме за нашата мрежа на деловни партнери.
Растеме експоненцијално.
Погледнете ги нашите најнови економски показатели и доколку сакате да добиете повеќе информации, Ве молиме контактирајте не на контактната адреса од медиа центарот.
Годишен обрт за 2021 година | 3,37 милијарди Чешки круни (CZK) |
Број на вработени во 2021 година | 592 |
Број на компании членки во нашата групација | 21 |
Преземања за лого-а, официјални фотографии и други материјали. Доколку сте заинтересирани за интервју, конкретни информации или други записи или податоци, Ве молиме контактирајте не на media@jablotron.cz.
Годишен обрт за 2021 година | 3,37 милијарди Чешки круни (CZK) |
Број на вработени во 2021 година | 592 |
Број на компании членки во нашата групација | 21 |